Позитивна состојба на умот, зголемена фокусираност и концентрација, подобрена здравствена состојба, ослободување од несоница, напнатост, тензии и зајакнување на имунолошкиот систем се само дел од придобивките кои ќе ги овозможи Art of Living работилницата која ќе се одржува во Охрид од утре до 15-ти декември 2014 година, во просториите на Факултетот за Туризам и угостителство.
Работилницата која ќе ја води Теодора Костовска вклучува интерактивна вежби, jога вежби за истегнување за релаксација, медитација, моќни техники на дишење и неколку други вежби за опуштање.
Учеството на четири-дневната работиница чини 2.000 денари, а за студенти изнесува 1.400 денари. Оние лица кои сакаат да ја повторуваат работилницата учеството чини 600 денари.
OhridNews