Подобра професионална комуникација меѓу вработените и зголемување на меѓусебната доверба, е базична основа за градење на успешна општинска администрација, порача од    Маврово градоначалникот Никола Бакрачески, кој заедно со раководителите на општинските сектори присуствуваше на  дводневната работилницата за приоритизација на мерки за унапредување и ефикасност во работниот процес на општинските административци.

Финалниот извештај кој се донесе и усвои на дводневната работилница е  основа врз која наредниов период  општина Охрид, ќе  изготви акционен план во кој ќе  бидат имплементирани усвоените мерки.

Инаку, шест месечните обуки за самооценка при работа COMMON ASSESSMENT FRAMEWORK (CAF), по барање на градоначалникот Бакрачески ги спроведуваше британската амбасада  и Центарот за управување со промени од Скопје. Се очекува  по имплементирањето на CAF , Охрид да добие современа и едуцирана локална администрација во насока на унапредување на менаџирањето со квалитетот.

OhridNews