Во организација на Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), утре, во хотелот Милениум, ќе се оддржи работилницата  „Идентификување на потенцијалните туристички продукти во општините Вевчани, Дебарца, Охрид и Струга“.

Работилницата е дел од прекуграничниот проект „Кон алтернативен туризам“, кој се спроведува во партнерство со организацијата „Партнерс“ од Албанија и со поддршка од Локалната агенција за развој- Струга.

Проектот, кој се спроведува во општините Охрид, Дебрца, Вевчани и Струга,  како и во Поградец и Корча, финансиски е поддржан од Европската унија.

На работилницата ќе учествуваат претставници од општините и други чинители повразни со туризамот од вклучените општини кои се клучни во идентификувањето на потенцијалните туристички продукти.

OhridNews