Присутните ќе се запознаат со новите мерки, упатства за корисници, висина на финансиска подршка (ИПАРД Програма), национални програми, исплата на субвенции и сл.
Од посебен интерес и значење е на состанокот да присуствуваат претседателите на месните заедници од сите села во Општина Охрид.
Присутните ќе имаат можност да се запознаат со програми и планови за уредување на туристички и излетнички локалитети во руралните области, како и обнова на електрична мрежа, пристапни патишта до 1 км, обнова на водоводни инсталации и др. Зафатите би се реализирале преку кофинансирање на проектите со средства од Агенцијата за рурален развој и други агенции.
Работилницата е во организација на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид, а во соработка со Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој согласно Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година.