Црвен крст Охрид во соработка со ВПА ( Visual perspective advertising) започнува нов циклус на креативни работилници за идни графички и веб дизајнери.

Заинтересираните за посетување на овие работилници ќе имаат можност да изберат од понудените практични обуки за работа во ИКТ областа и да изучуваат : графички дизајн, веб дизајн, СЕО-пребарувачка оптимизација и Линукс програмирање. Обучувачите од фирмата ВПА ќе ги воведат посетителите на работилниците во принципите на создавање креативни и функционални решенија, како и начините за алтернативна заработка преку соодветни веб портали.

Работилниците се дел од активностите на Црвениот крст за едукација на младите од областа на информатичката технологија. Обуките ќе започнат на 26 февруари и ќе се реализираат во текот на викендите во просториите на Црвениот крст.

Информации околу пријавувањето за креативните работилници, заинтересираните може да добијат на www.ohridredcross.org

OhridNews