Работна средба – социјален дијалог „Учи паметно работи стручно“ ќе се одржи утре со почеток во 12:00 часот во просториите на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во организација на Општина Охрид.

Општина Охрид и локалната самоуправа, активно работи на подобрување на средното стручно образование, со единствена цел да креира квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот, но и да ја зголеми можноста за вработување на младите. Компаниите и нивните потреби од стручен кадар ќе имаат најважна улога при дизајнирање на наставните програми, се вели во соопштението.
Со цел да се идентификуваат истите, посочуваат, компаниите треба да земат активна улога во целиот процес преку давање на предлози, сугестии и мислења како да се унапреди системот на средно стручно образование, и кои наставни профили да се отворат во училиштата кои се во областите каде што компаниите делуваат.
OhridNews












