Работната група одбрана на првата средба минатиот четврток го прочисти текстот на статутот и ги привршува подготовките за одржување на вонредното собрание кое треба да се одржи на ден 22.12.2011 год во 18,00 часот во голема сала во Општина Охрид.


Право на учество имаат сите клубови здруженија и други организација кои се бават со дејност спорт и најдоцна до 20.12.2011 година од 09-12 часот предпладне и 17-20 часот попладне до Сојузот на спортови Охрид во простории на стар “Гранит “да донесат решение од Централниот регистар и решение за дејност спорт од Агенција за Млади и Спорт.

Сите регистрирани клубови, здруженија и организации членки на Сојузот на спортови Охрид, имаат право да делегираат по два делегати ,својот идентитет делегатите го докажуваат со лична карта и полномоштво кое е оверено со потпис печат на клубот.

Предлози за кандидат за Претседател на Сојузот и членови на управен одбор , членките на сојузот треба да достават најдоцна до вторник 20.12.2011 до 18 часот по емаил на сојузот на спортови или писмено во просториите на спортови.

М.П.