Борбата за третата позиција на табелата помеѓу Работнички – АМАК СП во Градскиот Парк во Скопје, одредена е да се игра во ударниот термин во Сабота на МТВ (19.00 часот). Третата и четвртата позиција се единствените енигми во пресрет на последните три кола. До крајот на шампионатот кошаркарите на АМАК СП ќе влезат без калкулации.
– Ние, на секој меч одиме на победа– вели Игор Гацов.
Натпревари се играат во следниве термини :
5 април (сабота)
Фени Инд – С Пелистер (Кавадарци, сала “Јасмин“ – 19.30 часот).
Вардар О- Струмица (Скопје, СРЦ “Кале“ – 19.30 часот).
Ф Работнички – Амак Сп (Скопје, сала “Градски парк“ – 19.00 часот – МТВ пренос).
6 април (недела)
К Соколи 2000 – Мзт Фон (Скопје, сала “Градски парк“ – 18.00 часот).











