Кошаркарскиот клуб Работнички одбраната на титулата во македонскиот кошаркарски шампионат ќе ја започне во Охрид против „галебите“, но без услугите Ѓорѓи Чековски.
Поранешниот македонски репрезентативец се нема доволно опоравено од повредата која ја добил во текот на подготовките. Тренерот на Работнички, Марин Докузовски други проблеми нема со повредени играчи и во Охрид ќе допатува со најдобрите кошаркари.
Охридските кошаркари актуелниот првак во Првата лига ќе го предизвикаат утре (сабота) со почеток во 17 часот. КК АВ Охрид има обезбедено директен преност од СРЦ „Билјанини Извори“ за љубителите на кошаркарите кои нема да бидат во можност да дојдат.
Обновено: Богат спортски викенд во Охрид !
OhridNews