Работнички направи огромен чекор кон обезбедување на пласман во финалето од разигрувањето за титулата во кошаркаскиот шампионат. Во вториот натпревар од серијата “подобар од пет“ момците од градскиот парк со 85-83 го совладаа МЗТ Скопје и поведоа со 2-0 во серијата.


Мираковски (23п и 7 асс) и Блажевски 22 п беа најефикасни во победничкиот тим, додека Петровски и Пуповиќ со 16 поени ги предводеа “металците“.

Наредниот натпревар од серијата се игра во салата “Јане Сандански“ во среда.

Победникот од овај дуел во финалето ќе се сретне со бранителот на трофејот Фени Индустри кој без проблеми мина преку Торус.

Ohridnews