Водечката екипата на табелата во Супер лигата, Работнички експресно им се врати на победите декласирајќи го МЗТ Скопје со 92-74 во „вечното“ дерби кое се одигра во спортската сала „Младост“ во Гостивар.

Одлуката за победникот во дербито кое се играше без навивачи падна во последната четврта четвртина, откако по три квартали резултатот на семафорот беше во корист на „штрковите“.

Со фантастична игра во одбрана и ефикасен напад „црвено белите“ ја анулираа предноста на „гостите“ и стигнаа до убедлива победа изразена со 18 поени разлила.

МЗТ Скопје во сите параметри беше послаб ривал од Работнички и избраниците на Марин Докузовски заслужено славеа и стигнаа до третата победа сезонава против лутиот градски ривал.

OhridNews