Охридскиот ракометен состав претрпе пораз од Работнички 30-25 и ги загуби теоретските шанси за пласман во Супер лигата.

Охриѓани втора сезона во низа извисуваат  во финишот од првенството во борбата за местата кои водат во елитното друштво.

До крајот на шампионатот останува неизвесноста која екипа од Струга и Радовиш ќе обезеди директен пласман во Супер лигата, а која ќе игра бараж средба.

На охридските ракометари во последните две рунди му преостанува уште еден натпревар и тоа со Ринија на домашен терен во Битола.

Мх.П.