Екипата на Работнички ќе биде една од двете учеснички во финалната серија во плејофот од македонската кошаркарска елита.
„Црвено белите“ со три победи во исто толку мечеви го решија составот на Куманово, кој немаше ниту мали шанси во дуелите со најтрофејниот кошаркарски колектив во нашата земја.
Третата победа вредна финале Работнички ја забележа пред своите гледачи победувајќи ги кумановчани со 81-65.
Ривал на Работнички во финалната серија ќе биде подобриот од дуелот помеѓу МЗТ Скопје – Блокотехна. „Штрковите“ имаа водство од 2-1.
OhridNews