
Кошаркарите на МЗТ Скопје на лутиот ривал во финалето му се придружија после успешната елиминација на Блокотехна со вкупен резултат (3-1) во полуфиналето.
До третиот триумф во серијата со Блокотехна кошаркарите на актуелниот шампион дојдоа во Гевгелија победувајќи со тесни 74-72 во четвртиот меч.
МЗТ Скопје во финалето ќе ја брка седмата титула по ред, додека Работнички ќе ја прекинува доминацијата на „штрковите“.
OhridNews











