Најтрофејниот кошаркарски колектив во Македонија, Работнички е исклучен од Прва и преселен во Трета лига по ранг во земјава.


Оваа е одлуката која ја донесе комесарот за натпреварување Боби Јосифоски на седницата за дербито меѓу Работнички и МЗТ Скопје кое не се доигра.

Двете екипи ќе платат парична казна Работнички 30 000 денари додека „штрковите“ 24 000 денари поради лошиот однос на навивачите.

Јубилејното 125 кошаркарско дерби беше прекинато во третата четвртина кога судиите заедно со делегатот побараа да се испразни салата во „Градски парк“.

Откако заминаа симпатизерите на Работнички и играчите заминаа и не се вратија на теренот.

Мх.П.