Кошаркарскиот клуб Работнички ја освои титулата во македонскиот кошаркарски шампионат победувајќи го градскиот ривал МЗТ Скопје со 3-0 во финалната серија.
До третиот триумф избраниците на Марин Докузовски стигнаа на домашен терен со 87-84 и на најдобар можен начин ја донесоа 15-та титула во клупската историја.
„Црвено белите“ со освојувањето на титулата ја прекинаа доминацијата на МЗТ Скопје, кој шест години по ред се искачуваше на највисокото место на тронот во македонската кошаркара.
Работнички во финалната серија ја потврди добрата форма од регуларниот дел од Првата, Супер лигата и од плејоф мечевите во кои загуби само два натпревари.
Фото: Екипа.мк
OhridNews