Победничката серија на Работнички продолжува во Првата лига, откако „црвено белите“ со 100-84 го совладаа МЗТ Скопје во „вечното“ дерби во рамките од 19-та рунда од македонскиот кошаркарска шампионат.
Дербито имаше две епизоди, односно се играше два дена. Вчера се одигра повеќе од половина, а се доигра денеска. Дербито прекинато беше поради неспортското навивање и однесување на двете навивачки групи, а денеска продолжи без навивачи.
Ситуацијата на теренот не се промени од вчера и Работнички ја искористи предноста да стигне до победа во градското дерби со МЗТ Скопје.
Со овој триумф Работнички ја осигура првата позиција во Првата лига, додека МЗТ Скопје има многу работи да промени во својот состав до почетокот на плејофот.
Во 19-та рунда победи на свој терен забележаа Блокотехна, Кожув, Гостивар, Шкупи и Пелистер совладувајќи ги Карпош Соколи, Фени Индустри, АВ Охрид, Струмица односно Куманово.
Фото: Гол.мк
OhridNews