Оствката на Влатко Костов беше како добредојдена за фудбалерите на Работнички кои во градското дерби го совладаа Вардар со 3-1 и го турнаа својот сосед чекор поблизу до амбисот наречен Втора лига.

Победникот беше одлучен во првиот дел кога Маневски со хет-трик постигнат за 21 минута, ги одведе гостите на високи 0-3. Поразот го ублажи Вандаир од пенал.


Силекс ја прекина победничката низа на Металург, откако на домашен терен ги совлада со 2-1. “Зелените“ дојдоа во предност уште во првата минута преку Илијоски, но домашните со погодоците на Насевски во 25 и Николиќ во 85 стигнаа до вредни три бода во трката за избегнување на баражот.

Скопје стигна до огромни три бода во дуелот со Ренова, со головите во самиот финиш на мечот. Глишиќ во 88 и Серафимовски во 90 минута погодија за пиратите.

Х. Турново ја потврди кризата во битолски Пелистер, победувајќи со 4-1 на “Тумбе Кафе“ во Битола. Чурлинов со хет-трик го навести потопот на “чкембарите“ за кои останува само теоријата дека може да се спасат од испаѓање.

Колото ќе го заокружат мечевите Напредок – Тетекс и Брегалница – Шкендија кои играат утре.

Резултати : Вардар – Работнички 1-3, Скопје – Ренова 2-0, Силекс – Металруг 2-1, Пелистер – Х. ТУрново 1-4.

Табела :

место   екипа одиграни П Н И голови бодови
1 ШКЕ Шкeндијa

23  14  44:15  48 
2 МЕТ Металург

24  13  33:17  44 
3 РАБ Рaботнички

24  11  31:20  41 
4 РЕН Ренова

24  12  32:23  41 
5 ХОР Хоризонт Турново

24  11  10  28:24  36 
6 НАП Нaпредок

23  10  24:26  34 
7 СИЛ Силекс

24  26:30  31 
8 ТЕТ Тетекс

23  21:21  30 
9 БРЕ Брегалница 2008

23  12  24:32  29 
10 СКО Скoпje

24  11  23:28  27 
11 ВАР Вардар

24  14  20:36  21 
12 ПЕЛ Пелистер

24  18  17:51  12 

Ohridnews