Единствениот македонски претставник која го преживеа првото коло на меѓународната фудбалска сцена, попладнево (17 ч. пренос A1 тв) на стадионот „Филип Втори“ во Скопје во третата квалификациска рунда за пласман во Европската лига на УЕФА ќе игра против данскиот Одензе.За да настапат во групите, потребно е да се минат четири квалификациски круга. Првиот меч од 3. квалификациска рунда ќе го суди судиска четворка од Русија на чело со Владислав Безбородов.










