Случајот бил пријавен во СВР Охрид вчера во 08.41 часот. Според пријавата 45-годишен охриѓанец паднал при изведување градежни работи за изградба на куќа во охридското село Љубаништа.

Тој со возило на Итната медицинска помош, бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Кај него биле констатирани тешки телесни повреди поради што, бил задржан на понатамошно лекување, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Во координација со јавен обвинител и трудов инспектор, се преземаат мерки за целосно расветлување и документирање на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, соопшти Димоски.
OhridNews











