Измени во законот за обештетување на стечајците кој е во собраниска процедура, бараат вработените во загубарот ЕМО. Целта на ваквото барање е со законот да се опфатат и преостанатите работници од компанијата, бидејќи стечајната постапка во најголемиот дел од доелите во некогашниот стопански гигант е отворена во април оваа година, а законот се однесува на периодот од 1.1.1995 година до 31.12.2016 година. 

–Да бииде поместен овој датум наместо 31.2016 да биде 31.05.2017, со што ќе бидат опфатени и овие неколку преостанати работници од ЕМО и тие да можат да го добиваат предвидениот надоместок од владата од 7965 денари. – изјави Миле Крстаноски од синдикатот на ЕМО.

Тој појасни дека на дел од вработените во охридски ЕМО статусот им е веќе решен или се преземени од други државни компании, а остануваат само уште околу 50 работници со нерешен статус, бројка која според синдикатот нема значително да го оптовари буџетот на државата, бидејќи со предложениот закон ќе бидат опфатени околу 3000 стечајни работници.

Предлогот за измена на законот за обештетување на стејните работници работниците од ЕМО го доставиле до пратениците во Собранието.

 

Г.М.