Предлог- одлуките за давање согласност на одлуката за изменување и дополнување на одлуката за зонско паркирање, за продолжување на работното време на угостителските објекти, изменувањето и дополнувањетона општинскиот буџет, се само дел од точките на дневен ред предвидени за 28-та седница на советот на општина Охрид, закажана на 10-ти јуни, понеделник.
Меѓу другото, советниците ќе расправаат и за измените на програмите на секторите при локалната самоуправа, како и за разрешувањето и именување членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.
OhridNews












