– За среќа навреме ја забележавме бомбата меѓу купиштата отпад каде имаше сигурно и над 200 шприцеви, ни изјавија од компанијата. Оттаму за случајот веднаш ја информирале полицијата која изврши увид на лице место.
Бомбата и шприцевите, како и другиот медицински материјал е однесен на вештачење кое треба да помогне да се откријат лицата кои неуредената плажа ја користеле за нелегални дејства.
Жителите од населбата со кои разговаравме велат дека не е прв пат во околината да наоѓаат шприцеви, а во вечерните часови местото често го посетувале зависници од дрога, поради што мештаните плажата ја вика „нарко плажа“. Тука секојдневно играат децата од населбата и вистинска среќа е што тие не ја пронашле неексплодираната бомба.