Ракометарките на Вардар успешно ја минаа првата фаза во Лигата на Шампиони, откако со скор од шест победи во исто толку одиграни натпревари финишираа на првата позиција од табелата во Ц групата. Црногорската репрезентативка во редовите на Вардар, Јованка Радичевиќ верува дека сезонава е вистинско време за финалниот чекор, односно за освојување на титулата во најемитното клупско натпреварување.
– Најпрво сакам да и се заблагодарам на публиката која дојде во волкав голем број. Со нив на трибините функционираме полесно и стигнуваме до лесни победи. Натпреварот со Турингер не го започнавме најдобро, но добро е што и кога не играме како што посакуваме не губиме и стигнуваме да водиме. Во второто полувреме си дојдоа работите на свое место и мило ми е што дојдовме до скор од шест победи во шест мечеви. Имаме време да се одмориме и да се подготвиме до Нова година кога започнуваат мечевите од втората фаза, а потоа да се фокусираме на фајнлфор турнир на кој дојде вистинското време да победиме. – изјави Радичевиќ.
„Црвено црните“ иако се` уште е рано најавуваат атак на првата позиција во втората фаза по групи која носи релативно полесен ривал во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.
„Вардарки“ без грешка во првата фаза во ЛШ
Фото: Гол.мк
OhridNews