Доминатната игра и убедливата победа на „вардарки“ против тимот на Астраханочка им донесе пласман во главната од Лигата на Шампиони, но и неколку индивидуални признанија.
Најдобриот настап во дресот сезонава на Јованка Радичивеќ и донесе место меѓу трите ѕвезди во четвртата рунда од Лигата на Шампиони. Заменикот капитен во отсуство на Ина Суслина запиша девет голови зад своето име.
Да не се почуствува недостатокот на капитенот се погрижи бразилската голманка Песоа Оливиера. Една од нејзините одбрани е прогласена за најдобра во 4-та рунда.
Овие индивидуални признанија и убедливата победа треба да бидат само мотив за „црвено црните“ кои викендов што доаѓа го играат решавачкиот натпревар со Ференцварош во групата.
Трите ѕвезди во 4-та можете да ги погледнете тука, најдобрите одбрани тука и најдобрите голови исто така тука.
OhridNews