Ракометарките на Вардар се закитија со сребрениот медал на завршниот турнир во Лигата на Шампиони. „Вардарки“ во финалето по многу борба и возбудувања изгубија од Ѓер (31-30) кој подобро се снајде во дополнителните десет минути.


– Можам и ќе бидам горда на мојата екипа, бидејќи се боревме до крајот и се справивме со се, а нашиот противник во последната минута со ветар во грб од судиите успеа да ја задржи топката и да ја обрани минималната предноста. Правилата се јасни, но судиите не ги испочитува и тоа вистинска срамота. – изјави после мечот Јованка Радичевиќ.

Црногорката токму од унгарскиот состав пред четири сезони се пресели во Вардар, а желбата и беше титула со македонскиот шампион во новото издание на Ф4 турнирот во ЛШ.

OhridNews