Викендов, со пригодна свеченост во хотел Климетица , охридското радио Лав кое ја негува македонската изворна и новосоздадена народна песна, го одбележа својот 15- годишен  јубилеј. На свеченоста присуствуваа околу триста гости меѓу кои слушатели ,деловни соработници како и претставници од локалната самоуправа.

На настанот кој се пренесуваше во живо на Радио Лав настапија Јордан Митев, Влатко Миладиноски, Спасен Силјаноски,ТатјанаСтефановска, Орце Стефковски, Дарко Стојаноски и уште многу други, а програмата ја збогатија и музичките групи Маестрал од Битола, група Фаворити  и групата Изгрев од Битола, како и КУД Филиграни. Програмата ја водеше  долгогодишната  соработничка и голем пријател на радио Лав, Драгица Стефковска –Дракче, а како специјален гостин беше Перо Цаца.

Пред присутните  гости  се обрати  и сопственикот и основач  на радио Лав, Иван Пашоски кој се осврна на 15- те години работа на радиото.

OhridNews