Екипата на Радовиш е новиот лидер на табелата во Супер лигата по одигрувањето на втората рунда во првенството.
Радовиш во втората рунда на гостински терен со минимални 20-19 го совлада тимот на Вардар Јуниор и остана единствена екипа со максимален ефект по два одиграни мечеви.
Охридските ракометари во дербито на колото во Битола со Еурофарм Работник освоија бод ремизирајќи 21-21. „Гладијаторите“ имаа констатно водство и беа поблиску до победата, но домаќините со ефикасен финиш стигнаа до бод. Со четири бодови охриѓани се втори на табелата.
Двојки 2. коло: Прилеп – Пролет 29-27, Пелистер – Металург 2 37-21, Вардар Јуниор – Радовиш 19-20, Еурофарм Работник – Охрид 21-21, Борец слободен.
Tабела: Радовиш 6, Охрид 4, Пелистер 3, Прилеп 3, Металург 2 3, Еурофарм Работник 1, Пролет 1, Борец 1, Вардар Јуниор 0.
Фото: архива
OhridNews