
Како што пренесува „Макфакс“, инцидентот се случил во понеделникот во 4 часот кога четириесет и шестгодишниот Џ.Ш. со дрвен стап и тупаници го претепал својот син, кој живеел со него последните пет месеци.
Кога водел дека детето не дава знаци на живот, заедно со другиот малолетен син и неговиот брат, таткото го однел детето во болница, но таму била констатирана смрт.
На местото на несреќата извршен е увид, а телото на детето е предадено за обдукција. Против таткото е поднесена кривична пријава за убиство.
извор:„Макфакс“












