
По недоразбирањата кои селекторот ги имаше со капитенот на репрезентацијата на Македонија, Валентина Радуловиќ, тој ја отстрана од националниот тим, потоа, таа, со Платон одржа прес-конференција, на која искажаа многу “црни” работи на сметка на Савевски.
Откако не успеаа да ги седнат на заедничка маса и да ги испеглаат разликите, медијаторите претседателот на клубот Иван Бојков и спонзорот Трифун Костовски, одлучија да му се заблагодарат на услугите на македонскиот селектор.











