Симпатизерите на спортот и вљубениците во ракометот во Охрид изминативе два денови имаа можност да гледаат и уживаат во мајсториите од четирите најдобри екипи во Купот на Македонија.
Да биде се по план и на место во „Билјанини Извори“ се погрижија момците на Горан Андоновски кои за прв пат обезбедија учество на завршниот турнир во Купот на Македонија.
Нивното учество во 1/2 финалето и дуелот со Вардар само го збогати овој фајлнфор кој ќе остане запаметен по добрата и квалитетна игра и рововска битка во сите три натпревари.
Титулата во финалниот меч меѓу Вардар – Металург што преставуваше „рај за очи“ им припадна на „вардарци“ кои триумфираа со 31-24.
Охрид и охриѓани, со подршката за „гладијаторите“, а потоа за Вардар и Металург уште еднаш покажаа љубов и почит кон спортот и порака до Ракометната федерација на Македонија за добриот потег во изборот за домаќин.
Фото: Емилио
Мх.П.