Три натпревари, во четвртокот навечер, го отворија 17-то коло во
шпанската примера дивизија. Максимален учинок имаа домашните екипи Рајо
Ваљекано, Реал Сосиедад и Еспањол, кои забележаа победи во дуелите со
Леванте, Севиља односно Депортиво.

Рајо, во Мадрид, убедливо со 3:0 го победи Леванте, стрелци на головите беа Начо (59’), Пити (80’) и Васкез (90’). Сосиедад на ’Аноета’, во интересен меч ја победи Севиља со 2:1, Карлос
Вела го отвори резултатот во 18-та минута, половина час подоцна израмни
Медел, а конечниот резултат го постави Де ла Бела во 68-та минута.

Еспањол во дуел на екипи кои играат под очекувањата со 2:0 го совлада
Депортиво. Симао (31’) и Стуани (88’) беа стрелци на головите.

Двојки :

Петок, 21.декември:

Валенсија-Хетафе

Атлетико Мадрид-Селта

Сабота, 22.декември:

Бетис-Мајорка

Ваљадолид-Барселона

Осасуна-Гранада

Малага-Реал Мадрид

Атлетик Билбао-Сарагоса

“Макфакс“