Во групата каде пред последното трето коло имаше повеќе математики него најави за добар фудбал, патници во 1/4 финалето се Шпанија и Италија. Најголем губитник од последната рунда е Хрватска која заврши на третата позиција со еден бод помалку од второпласираната Италија.


– Мртов сум. Дадовме се од себе. Не ги искористивме шансите за гол, сега не очекува ноќ без спиење. Видовте и сами дека дадовме се од себе го оставивме срцето на терен, но за жал без резултат – изјави Ракитиќ кој ја имаше најзрелата прилика за погодок на мечот против Шпанија.

Хрватска стартуваше со победа во првата рунда, во мечевите со директни конкуренти освои еден бод кој се покажа како премалку за пласман во најдобрите осум на стариот континент.

Мх.П.