Ракометарите на Охрид по европскиот натпревар се среќаваат со ракометарите на Пролет 62 во рамки на 8-то коло од Супер лигата.
После интензивниот европски натпревар, нашиот фокус брзо се менува кон домашното првенство. Времето за одмор е ограничено, па мораме сериозно да им пристапиме на подготовките за противникот кој ни доаѓа. Со точен пристап и енергија, веруваме дека можеме да се вратиме на победнички пат, вели десниот бек на ГРК Охрид, Луцијан Бура.

OhridNews











