Ракометарите на Охрид ја започнуваа новата сеозна во македонската Супер лига со мечот од 1 коло против екипата на Алкалоид на гости.

Не очекува стартот на сезоната кој сите со нетрпените го очекуваме. Мислам дека ги одработивме доста квалитетно подготовките и спремни сме за натпреварување. На стартот не очекува дерби натпревар со екипата на Алкалоид, екипа која е екстра квалитетна, играат доста брз ракомет, добро се воиграни и неколку години се заедно и секоја година се се подобри. Но, ние сме исто така оваа година доста квалитетни, можеби ќе ни треба повеќе време да бидеме во најпосакуваната форма. Сепак ова е прв натпревар оваа сезона, ќе дадеме максимум и се надевам на позитивен резултат, вели ракометарот на ГРК Охрид, Гоце Ојлески

Натпреварот се игра во среда, 10 септември, во салата „Автокоманда“ со почеток во 18:30 часот.

OhridNews