Ракометарите на Работнички во Охрид гостуваат по победата над екипата на Струга. “Црвено белите“ покрај триумфот над Струга, скалпот во второто коло им го зедоа на актуениот лидер во првата машка ракометна лига тимот од Радовиш.


Охридските ракометари во досегашните три натпревари на домашен терен забележаа три победи, наспроти тимот на Работнички, кој триумфираше еднаш во три меча на гостински терен.

Составот на Работнички го сочинуваат млади ракометари кои минатата сезона настапуваа за ресенскиот второлигаш Младост.

Дуелот од деветтата рунда во првата машка ракометна лига помеѓу Охрид 2011 и Работнички е закажан за в недела во 16 часот.

Мх.П.