Македонските ракометарки се пласираа во баражот за Светското првенство следната година, откако триумфираа на квалификацискиот турнир кој се одигра викендов во Скопје.

Избраничките на Симе Симовски првото место го осигураа со триумфот над Турција 30-23 во мечот од третата рунда. Македонија претходно подобра беше од Исланд односно Азебејџан.

Женската ракометна репрезентација противникот во баражот ќе го добие после завршување на Европското првенство во Франција, кое се одржува во моментов.

OhridNews