Женската ракометна репрезентација на Македонија од третиот шешир ќе ги чека противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во Франција кое ќе се одржи наредната година.

Македонија во квалификацискиот циклус нема да може да игра против Словачка, Словенија, Украина, Австрија, Белорусија и Турција кои исто така се во третиот шешир.

Носители на жрепката ќе бидат Норвешка. Холандија, Романија, Данска, Шведска, Шпанија, Црна Гора.

Во вториот шешир се Русија, Германија, Полска, Унгарија, Србија, Чешка и Хрватска, а во најслабиот, четвртиот шешир се : Италија, Исланд, Литванија, Португалија, Швајцарија и две селекции кои низ претквалификации ќе се пласираа во квалификациите.

Репрезентациите ќе бидат поделени во седум групи, во секоја ќе има по четири репрезентации, а пласман на континеталното првенство ќе изборат најдобрите две од секоја група и најдоброрангираната трета репрезентација од сите групи.

Извлекувањето на групите ќе се одржи на 21.април во Париз.

„Макфакс“
OhridNews