Женската ракометна репрезентација на Македонија ги доби противниците преку кои ќе се обиде да избори пласман на Европското првенство (ЕП) во Франција наредната година.
Македонските ракометарки немаа среќа во жрепката и за противнички ги добија ракометарките на Србија и Шведска, кои се фаворитки во Групата 3.
Четвртата репрезентација која ќе партиципира во оваа група ќе биде победникот од претквалификации во кои ќе играат Финска, Фарски Острови и Грција.
Пласман на ЕП ќе изборат по две најдобри репрезентации од седумте квалификациски групи и најдобрата третопласирана репрезентација.
Групите:
Група 1: Швајцарија, Украина, Хрватска и Норвешка
Група 2: Италија, Словачка, Полска и Црна Гора
Група 3: Победникот од квалификациската група А, Македонија, Србија и Шведска
Група 4: Португалија, Австрија, Русија и Романија
Група 5: Исланд, Словенија, Чешка и Данска
Група 6: Литванија, Турција, Германија и Шпанија
Група 7: Победникот од квалификациската група Б, Белорусија, Унгарија и Холандија.
OhridNews