Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Лино Червар на 3 октовмри во Охрид ќе ги собере 30-те потенцијални репрезентативци кои доаѓаат од клубовите кои се натпреваруваат во македонската Супер лигата.


Оваа практика, хрватскиот стручњак ја најави на промоцијата, а ја започна месецов со првиот собир во Битола.

Собирот е еднодневен, а селекторот на Македонија ќе има можност одблиску да ги скенира квалитетите на ракометарите кои чукаат на репрезентативната врата.

Меѓу 30-те ракометари се наоѓаат членовите на ракометниот клуб Охрид, Благојче Трајкоски и Бобан Блажески и охриѓанецот Иван Тасески кој ги брани боите на битолски Пелистер.

Списокот на повикани ракометари:

1. Кирил Колев РК Пелистер 

2. Мартин Томовски РК Металург 

3. Стефан Кимевски РК Пролет 62

4. Благојче Трајковски РК Охрид 2013

5. Давор Палески РК Металург 

6. Иван Димитровски РК Вардар 

7. Димитар Димитриоски РК Металург

8. Ивица Лазаровски РК Пелистер 

9. Бобан Блажевски РК Охрид 2013

10. Мартин Попоски РК Вардар 

11. Дејан Ѓошевски РК Металург 

12. Милан Лазаревски РК Металург 

13. Васко Димитровски РК Пелистер 

14. Филип Василевски РК Пролет 62

15. Марко Нелоски РК Металург 

16. Александар Василевски РК Пролет 62 

17. Мартин Манасков РК Вардар 

18. Дејан Кукуловски РК Вардар

19. Борјан Маџовски РК Пелистер

20. Стефан Дрогришки РК Металург 

21. Марио Танкоски РК Металург 

22. Тоше Ончев РК Вардар 

23. Филип Кузмановски РК Металург 

24. Иван Тасески РК Пелистер

25. Ласко Андоновски РK Пролет 62

26. Дарио Петровски РК Еурофарм Работник

27. Филип Чурлевски РК Еурофарм Работник

28. Мартин Велковски РК Металург 

29. Стефан Трпчевски РК Вардар

30. Константин Вешоски РК Пелистер

OhridNews