Македонската ракометна легенда Пепи Манасков е голем оптимист пред почетокот на Светското првенство во Шпанија. Македонската фаланга натпреварите од групната фаза на мундијалот ги започнува против Чиле, а во неа уште се наоѓаат Катар, Исланд, Русија и Данска.


– Успехот со освојувањето на петтото место на последното Европско првенство во Србија треба да го потврдиме на мундијалот во Шпанија. Имаме доста квалитетна селекцијата која е склопена од искусни и млади ракометари. Припремите пред почетокот на СП беа добри, а сега останува на ракометарите да го кажат последниот збор на Светското првенство – потенцираше Пепи Манасков.

Поранешниот репрезентативец и капитен на Македонија, Манасков на кратко ја анилизираше групата која ја окарактеризира како лесна и минлива, но напомена дека не треба да се потценуваат селекциите кои се послаби од нашата.


–    Групата е лесна, противниците се познати, сега на ракометарите е редот да покажат што знаат на теренот. Има квалитетни селекции во групата како Данска и Русија, но ние сме секогаш непредвидлива репрезентација кога се работи за меч со некоја јака селекција  – заврши Манасков.

Мх.П.