Од сезоната 2027/28, ракометната Супер лига ќе има нов формат на разигрување. Најдобрата домашна лига ќе брои 12 клуба, колку и сега, а измените се во разигрувањето.
Имено првите 4 екипи ќе разигруваат за титулата, екипите од 5-8 место ќе играат за место во евро куповите, а од 9-12 место за опстанок.
Ова денеска го одлучи Ракометната федерација на Македонија која донесе уште една значајна измена во натпреварувањето во 1 лига каде од следната сезона екипите нама да имаат право да ангажираат странци, се со цел поголема шанса да добиваат младите домашни играчи.
Г.М.













