Македонските ракометни надежи со убедлива победа над Полска 30-22 (16-8) ги започнаа квалификациите за Мундијалот кој ќе се одржи во Алжир годинава.


Избраниците на селекторот Илија Темелковски покажаа квалитет, особено во првиот дел во кој комплетно доминираа на теренот.

Предноста од осум голови на полувремето (16-8) ракометни јуниори ја задржаа до крајот на мечот и со триумф ги отворија квалификаците.

Во втората рунда во четврток Македонија ќе го одигра клучниот меч со Португалија која во првиот меч ја декласираше Турција со високи 40-21.

Натпреварот меѓу Македонија и Португалија се игра во 17 и 45 часот, а во 15 часот ќе се сретнат Турција и Полска.

Фото:Екипа.мк
OhridNews