Традиционалната, хуманитарна спортско-рекреативна акција “За посреќно детство”, која има широк општествен карактер, Црвен крст Охрид ќе ја реализира на 28.мај (сабота), на платото пред Центарот за култура “Григор Прличев”, со почеток во 11:00 ч.

Целта на оваа акција е промовирање на спортскиот дух меѓу младите преку нивно учество во различни спортско-рекреативни содржини, како и подигање на свеста кај наште сограѓани за солидарност, хуманост и пружање на потребната помош на оние кои се соочуваат со социјални или здравствени потешкотии.-информираат од Црвениот крст.

Официјалниот почеток на кампањата за реализација на оваа акција ќе биде на 13.0мај  – петок со одржување на хуманитарен, ревијален ракометен натпревар на женските ракометни-ветерани, кои своевремено играле ракомет во охридските ракометни клубови. Овој атрактивен спортско-хуманитарен настан ќе има и забавен карактер со настап на повеќе македонски естрадни ѕвезди.

OhridNews