Дарко Станиќ членот на Металург е меѓу најдобрите голмани, ако не и најдобар во светскиот ракомет. Но, српскиот репрезентативец при посетата во Крагуевац откри дека ракометот не била неговата прва љубов туку футсалот.

Тој од клубот во Крагуевац доби дрес со бројот 12, а Станиќ кратко рече – На почетокот од кариерата бев голман во мал фудбал, и тоа успешен со повеќе освоени награди. Потоа се одлучив да се префрлам на ракометот. И, мислам дека не погрешив.


Дека е така покажува фактот дека Станиќ на Европското првенство во Србија беше избран за најдобар голман, а со него на голот Металург има непробојна одбрана.

Минатата сезона со негова помош Металург стигна до осумте најдобри, а оваа сезона го „легнаа“ мултимилионскиот проект ПСЖ победувајќи го на домашен терен.

Мх.П.