Светлината е алатка во борбата против ракот која многу ветува, тврдат американски научници.

Како што пренесува „Макфакс“, студијата, објавена во списанието Nature Medicine, покажа дека може да се создаде лек кој се закачува на туморите, но ме да се активира само кога е погоден од специфични бранови на светлина. Тоа значи дека лечењето може да стане високо прецизно и да не се оштетува околното, здраво ткиво.

Моментно, третманот на ракот може да се подели во три категории: зрачење со радијација, хируршко отстранување на туморите или употреба на лекови за да се убијат канцерогените клетки. Сите имаат странични ефекти и научниците долго време се обидуваат да осмислат попрецизни терапии.

Во студијата, истражувачите од Националниот институт за рак од американската сојузна држава Мериленд, употребиле едно антитело кое напаѓа одредени протеини на површината на канцерогените келии.

Потоа на антителото ја додале хемикалијата ИР700. Оваа хемикалија се активира само ако е погодена од речиси инфрацрвена светлина.. Брановите на ваквата светлина може да навлезат неколку сантиметри во кожата.

За да ја тестираат комбинацијата од хемикалијата и антителото, истражувачите имплантирале тумори, „скалеста“ келија на карцинома (Squamous Cell Carcinoma), во грбот на глушецот. На глувците потоа им го дале лекот и ги изложиле на речиси инфрацрвено светло.

Во студијата се вели дека „обемот на туморот значително се намалил, споредено со заморчето кое не било третирано со лекот и времето на преживување било значително продолжено“.

„Селективното убивање на келиите ја намалува штетата врз здравите келии“, вела авторите на студијата и додаваат дека оваа комбинација „е ветувачка терапевтска и дијагностичка алатка во лечењето на ракот“.

„Иако во нашите експерименти не забележавме никаква токсичност на лекот, негова клиничка употреба  ќе подразбира и формална студија за неговата евентуална токсичност“, пишуваат авторите.

„Употребата на антитела или на фотодинамичната терапија за прецизно напаѓање на канцерогените келии и досега  успешно се употребувани за третман на одредени видови на рак, па така комбинацијата од двете секако звучи возбудливо“, вели доктор Лора Мекалум од британскиот институт cancer Research UK.

„Но, важно е да не се заборави дека оваа студија е направена врз глушец, па затоа е премногу рано за да се каже дали ќе делува кај луѓе со рак“, предупредува доктор Мекалум.

„Научниците сметаат дека овој потенцијален третман многу ветува, затоа што многумина научници ширум светот ги користат антителата да зададат и други прецизни удари врз ракот, како што е зрачење директно на канцерогените клетки“, заклучува таа.

OhridNews
извор: „Макфакс“