Во светот денеска се одбележува Светскиот ден против ракот на дојката. Со 430.000 нови случаи кои годишно се регистрираат во Европа , овој тип на рак е најраспространет и најсмртоносен рак меѓу жените во целиот свет.

Најмалку една третина од случаите на рак на дојка би можеле да се избегната а причини за ова заболување најчесто  се вишокот на килограми и физичката неактивност,вели Светската здравствена организација (СЗО).

Експертите предупредуваат дека редовните прегледи се задолжителни како и самопрегледите  и дека здравата исхрана, физичката активност можат во голема мерка да ја спречат појавата на малигни заболувања.
           
Странските научници откриле дека за појавата на ракот на дојката е „виновно“ оштетувањето на генот НРГ1 кој е поврзан со повеќе од половина случаи на карцином на дојката, како и за карцином на цревата, крвта и јајниците.

OhridNews
извор: „Макфакс“