Денес и вчера, во Тирана, средби со лидерите на албанските политички партии во македонија одржа албанскиот премиер Еди Рама. Албанските медиуми јавија дека до сега се одржани средби со лидерот на Беса, Билал Касами, на Алијансата за Албанците Зијадин Села, а се очекува и средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи. Истите извори јавија дека неизвесна е средбата на Рама со лидерот на ДУИ Али Ахмети, за кој медиумите нагласуваат дека ја одбил средбата со Рама.
Албанскиот премиер нагласи дека на средбите е разговарано за состојбата после изборниот процес во Македонија, но притоа не се дадени детали дали им е дадена насока на албанските партии, кои добија мандати на изборите во неделата, со кого би коалицирале.
OhridNews
извор Макфакс