Охрид треба да биде фактор на обединување, а не на разединување, изјави во име на добитниците на највисокото општинско признание, наградата „Св. Климент Охридски – патронот на Охрид“, сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски.
– Мислам дека сум на почетокот од што тоа треба да го правам за Охрид. Не знам колку уште ми преостанува од животот, меѓутоа она што ми преостанува ќе го посветам на најдоброто што го има Македонија, тоа е Охрид и Охридското Езеро, кои треба да претставуваат фактор на обединување и спојување на граѓаните.- рече Рамковски.

На свечената академија што по повод патрониот празник на Охрид, се одржа синоќа во х. „Метропол“ не присуствуваа претстатвници на фестивалот „Охридско лето“. Претходно оттаму информираа дека одбиваат да ја примат наградата заедно со други добитници. Свеченоста ја бојкотираше и ВМРО ДПМНЕ, која исто така не се согласува со одлуката за доделување на Светиклиментовите награди.
На свеченоста беа доделени и две повелби на младата поетеса Христина Аслимовска, и постхумно на Никола Маневски, доајенот на охридското новинарство.

На доделувањето на Светиклиментовите награди изостана поголема посетеност, па така во салата каде се одржа свечената академија можеа да се забележат и доста празни столчиња.

Празни столови на Свеченото доделување на Светиклиментовите награди












