Фудбалерите на Реал Мадрид кривицата за убедливиот пораз мораат да ја бараат во своите редови. И капитенот Рамос, но и стратегот Мурињо потенцираа дека победи подобриот тим.

– Пристапот не беше на ниво и јас сум првиот што ќе ја прифатам кривицата за тоа. Ќе биде многу тешко во реваншот дома, но мора да бидеме позитиви и да се надевмае дека може да направиме пресврт.По ждрепката за полуфиналето сите мислеа дека ќе биде многу лесно. Но ова е германски тим и тоа како добар тим – рече капитенот Серхио Рамос.

– Победи подобриот тим. Индивидуално и колективно, Дортмунд беше подобриот тим и сосема заслужено победија. Играј силен пресинг на нашата половина, кој ни создаде големи проблеми, моите играчи дадао се од себе. Може да се вратиме во игра за финалето – потенцираше Мурињо.